Изработен е од масивно буково дрво, кое гарантира стабилност, издржливост и долг век на траење.Горниот дел на креветот е во форма на куќичка со покрив, што го прави идеално место за игра, одмор и создавање детски спомени.
Благодарение на заштитната ограда, родителите можат да бидат сигурни дека нивните деца ќе спијат безбедно. Долниот кревет нуди пространо и удобно место за спиење, со доволно простор за движење и релаксација.
Скалите се внимателно дизајнирани со интегрирани фиоки, што обезбедува дополнителен простор за складирање на облека, играчки или постелнина, помагајќи во одржувањето на редот во собата. Дополнително, под долниот кревет се наоѓа една голема фиока која нуди уште повеќе практичност и организација.
Димензии за душек, 190-90 во основна варијанта но може да се изработи и по мерки. Надворешни димензии 98 на 248. Максимална висина е 235 цм. Во цената не се вклучени душеци.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.