ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

www.mebelmak.mk
Во сопственост на: AKS GROUP MEBEL DOO Negotino (во понатамошниот текст: „Продавач“)
Последно ажурирање: 2025
1. Општи информации
Овие Општи услови ги уредуваат односите помеѓу Продавачот и купувачите кои вршат купување преку веб-страницата www.mebelmak.mk. Со извршување на нарачка, купувачот потврдува дека ги прифаќа овие услови.

2. Производи
Производите се изработуваат од масивно буково дрво и природни еколошки водени бои. Можно е минимално отстапување во боја и текстура поради природата на дрвото. Фотографиите, видеата и 3D рендерите се информативни и може делумно да се разликуваат од финалниот производ.

3. Нарачка и потврда
Нарачката е валидна кога купувачот ја потврдува електронски (веб формулар, е-пошта, Viber/WhatsApp). Продавачот испраќа писмена потврда со модел, цена, рокови и услови. Изработката започнува по уплатен аванс согласно дел 4.

4. Цени, аванс и начини на плаќање
a) Цени
Сите цени се со вклучен ДДВ. Продавачот може да врши корекции на цените без претходна најава.

б) Начини на плаќање
• Банкарска уплата;
• Платежни картички со ПОС Терминал и фискална сметка;
• Готово при испорака со фискална сметка;
• Директно на Web страна преку виртуелен терминал на Халк Банка.

ц) Аванс за потврда на нарачка
За активирање на нарачка, купувачот уплаќа аванс:
• до 30.000 МКД → аванс 5.000 МКД;
• над 30.000 МКД → аванс 10.000 МКД.

д) Неповратност на авансот и откажување на нарачката
Авансот станува неповратен, доколку:
• Продавачот направи три последователни обиди за испорака и монтажа;
• Купувачот не обезбеди услови за прием (пристап, присуство на лице, услови за внесување/монтажа).
По три неуспешни обиди:
• Нарачката се смета за откажана од страна на купувачот;
• Авансот не се враќа.

5. Рокови за изработка
• Стандардни модели: 4 работни недели;
• Специфични модели со промени од стандардниот дизајн: 5 работни недели;
• Во случаи на непредвидени околности, рокот може минимално да се продолжи.

6. Испорака и монтажа
Испорака е возможна низ цела Македонија и регионот.
Монтажата може да биде вклучена или дополнително наплатена.
Купувачот мора да обезбеди пристап и услови за внесување/монтажа.

7. Прием на производ и рекламации
a) Прием на производ
Купувачот е должен да:
• го прегледа производот;
• забелешки да пријави во рок од 24 часа;
• по монтажа не се прифаќаат доцнежни рекламации за механички оштетувања.

б) Рекламации по однос на квалитет или монтажа
Сите рекламации мора да се пријават исклучиво на официјалните контакти на Продавачот.
Монтажерите се надворешни лица и не се овластени да примаат рекламации.

8. Гаранција
Гаранцијата за конструкцијата изнесува 2 години.
Не се покриваат штети од неправилна употреба, влага, удари, модификации или нестручна монтажа.

9. Повлекување и враќање
Производи по мерка не подлежат на враќање.
Стандардни модели може да се вратат во рок од 14 дена.
Трошокот за враќање го покрива купувачот.

10. Безбедност и употреба
Максимална носивост: 150 kg по ниво.
Кровни елементи не се наменети за качување или играње.

11. Ограничување на одговорност
Продавачот не одговара за: неправилна употреба, физички оштетувања по прием, влага, мувла, доцнење поради виша сила.

12. Заштита на лични податоци
Податоците се обработуваат согласно Законот за заштита на лични податоци и не се споделуваат со трети лица, освен кога е неопходно.

13. Промени на условите
Условите може да се менуваат во секое време со нивно објавување на веб-страницата.

14. Контакт
AKS GROUP MEBEL DOO
Email: info@aksgroupmebel.com
Телефон: +389 70 600 885
Веб: www.mebelmak.mk