Секој со свое катче, заедно во иста соба
Кај Вукан, горниот лежај е мала куќичка со прозорци и вратички, а долу има второ место за спиење. Децата ја делат собата, но секое добива свој простор. Во фиоките на страничните скали може да се приберат постелнината и детските работи, наместо да останат расфрлани околу креветот.
Димензии според скицата
- Должина × ширина × висина: 250 × 98 × 235 cm.
- Димензија за душек: 190 × 90 cm.
- Прикажано растојание меѓу лежајата: 100 cm.
Мерките се однесуваат на конфигурацијата прикажана на скицата.